Граѓаните треба да ја знаат целата вистина за Диво Насеље, рече Заев по средбата со Харадинај

by fokus

Премиерите на Македонија и Косово, Зоран Заев и Рамуш Харадинај, се согласиле дека е потребна меѓународна истрага во врска со настаните во Диво Насеље.

По средбата со косовскиот колега, Заев изјави дека граѓаните на двете земји заслужуваат да ја знаат целата вистина. До неа, рече тој, ќе се дојде преку меѓународна истрага или преку независен меѓународен претставник.

-На тоа прашање гледаме како на можност која не смее да биде пречка за унпаредување на односите меѓу двете земји – изјави Заев на заедничката прес конференија со Харадинај.

На прашањето дали Македонија ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО, Заев одговори дека Македонија го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија, и истакна дека Косово треба да смета на поддршката на Македонија во сите процеси.

-Истовремено треба да се има во предвид дека Република Србија е наш сосед, така што важно е добрососедството со сите земји. Ние се надеваме дека прашањето ќе се реши билатерално, а ние ќе бидеме овде за да го поддржиме решавањето на такви прашања – истакна тој.

Поврзани новости