448
Граѓаните денеска по петти ден излегоа да протестираат, но пред Владата ги пречека полициска блокада. Активистите и граѓаните и денеска се собраа на булеварот „Климент Охридски“ пред Влада за да го искажат револтот против полициската бруталност.
Демонстрантите ги пречека полициски кордон кој не дава да поминат до објект на Владата. На разглас на полицајците им се обрати активостот Здравко Савевски кој рече дека „најверојатно нивни колеги се загинати во кумановско и им посочи дека народот не е нивен непријател, туку непријатели им с етие што им даваат наредби. .
Од пред Владата, демонстрантите се упатија пред зградата на Европската Унија.