Граѓаните од 73 и 74 години од вечерва можат да се пријават за вакцина

by fokus

Министерството за здравство вечерва соопшти дека во арената „Борис Трајковски“ во Скопје има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години.

Затоа од вечерва се отвораат термините за закажување на вакцинација и на граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку вебстраницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар. Тие сега треба да се пријават кај својот матичен за да добијат термин, а вакцинацијата ќе почне од четврток.

Од МЗ велат дека вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид – имунизација, со приоритет врз основа на возраст, па во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што секако е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на ковид 19 болест, компликации и смртен исход.

Поврзани новости