Граѓаните да поднесат претставка до Народниот правобранител доколку им е прекршено некое право при Пописот

by fokus

Народниот правобранител Насер Зибери ги информира граѓаните дека активно ќе го следи процесот на спроведување на Пописот 2021 година, за целиот период на неговото времетраење и тоа од 1 март до 21 април.

За таа цел секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право може да поднесе претставка по електронски пат на адресата contact@ombudsman.mk.

Народниот правобранител по поднесената претставка ќе ја спроведе потребната постапка и за исходот ќе го информира подносителот.

Поврзани новости