Граѓаните чекаат по месец дена за пасош, на телефоните никој не се јавува

by Frosina Fakova

Петнаесет дена пред парламентарните избори на кои гласачите со личен документ треба да го потврдат својот идентитет и во период на летни одмори, граѓаните се жалат дека термин за фотографирање за пасош им се закажува дури за еден месец.

Освен долгите чекања, оние кои сакаат да закажат за вадење на лични карти и документи не можат никој да добијат на телефонските броеви на управните служби.

На нашето прашање како функционираат управните служби на МВР за издавање на лични документи, даи има навала за издавање на лични документи и чекања, од Министерството за внатрешни работи не ни дадоа конкретни информации, не упатија на соопштението кое го издадоа пред една недела дека лични документи ќе се издаваат и во сабота и во недела.

– Во периодот до одржување на парламентарните избори на 15. 07. 2020, Министерството за внатрешни работи ќе овозможи, во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија „Беко“ подигање на личните документи покрај во редовното работно време (од 07:30-20:00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08:00 до 16:00 часот, велат од МВР.

Додека траеше вонредната состојба која беше воведена поради корона кризата, беше донесена уредба со која, личните карти и пасошите со поминат рок беа важечки додека траеше вонредната состојба. Сега, таа е укината, документите со изминат рок мора да се обноват, пред нас се изборите, но и летните одмори.

Поврзани новости