Граѓани организираат блокади: Да ги спречиме Бугарите да плукаат по споменот на Делчев

by Фокус

Граѓани на социјалните мрежи организираат блокади на патиштата со цел да ги спречат бугарските државјани, кои најавија дека доаѓаат во Скопје на 4 февруари за одбележување на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

Освен најави за „ноќна стража“ од 3 февруари пред црквата Свети Спас, каде што се наоѓа гробот на Делчев, во повик кој се шири на Фејсбук се повикува и на блокада на патиштата.

Кумановци повикуваат на блокада на патарината кон Скопје за да не се дозволи, како што се наведува во повикот, бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев.

Поврзани новости