Графит за претседателските избори на детска градинка во Струга

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден бил исцртан графит поврзан со претседателските избори, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 16.35 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека спроти основното училиште „Јосип Броз Тито“ на ул.„Димче Ковачески“ во Струга, на ѕид од помошен објект на детска градинка имало испишан графит во врска со претседателските избори.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости