„Графички центар“ ќе ги печати учебниците за основно и средно образование

by lali
Трговското друштво за новинско издавачка дејност и графичко производство Графички центар ДООЕЛ Скопје, фирма која е во делумна сопственост на бизнисменот Јордан Камчев и е стопроцентен сопственик на Медиа Принт Македонија (МПМ), е избрана да ги печати учебниците за основно и за средно образование.
Во договорот објавен на Бирото за јавни набавки не ја пишува конечната сума на која е склучен договорот меѓу Министерството за образование и Графички центар. Единственото нешто што го пишува е дека проценетата вредност на договорот изнесува 400 милиони денари или 6,5 милиони евра.

Инаку, првата третина од „Графички центар“ ја поседува „Орка холдинг АД Скопје“ на Јордан Камчев, додека втората е во сопственост на компанијата „Мирекс плус ДООЕЛ Скопје“, каде како газда се јавува Срѓан Керим, поранешниот генерален менаџер на МПМ. Последната третина од „Графички центар“, а со тоа и на порталот „Телеграф МК“ е во сопственост на српската компанија „Интернет груп ДОО“.

Камчев, исто така, е еден од сопствениците на порталот „Телеграф МК“, кој е најмлад медиум во групацијата позната како Медиа принт Македонија, каде што спаѓаат дневните печатени изданија на „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“ и на „Теа модерна“.

Поврзани новости