Градоначалникот на Прилеп позитивен на Ковид-19

by fokus

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски е позитивен на Ковид-19. Тој синоќа го добил позитивниот тест на корона вирусот и е во домашна изолација.

– Имав температура од 37,2. Се посомневав на симптоми иако немав загубен вкус и мирис. Тестот покажа дека сум позитивен, најверојатно вирусот сум го добил по контакт со позитивен зашто изминатите денови имавме некои состаноци. Сега температурата е 37,6, нема некои проблеми, примам терапија и сум во домашна атмосфера, изјавил Јованоски за МИА.

Тој апелирал да нема собирања на младите по кафулињата.

– Апелирам да се почитуваат сите заштитни мерки. Особено тоа да биде меѓу младите, да не се групираат, да не заседнуваат во кафулињата. Зголемениот број новозаразени во Прилеп е главно поради непочитувањето на мерките и новите бројки се последица, во голем дел, поради собирањата за празникот „Свети Трифун“. Факт е дека новиот, „британски сој“ побрзо се шири и уште поголема опомена е да нема групирања и да се почитуваат мерките, порачува прилепскиот градоначалник.

Поврзани новости