Градоначалникот на Преспа: Преспа може и ќе биде езеро на пријателството и соработката

by fokus

Имаме три држави, две езера и една заедничка иднина. Преспа може и ќе биде езеро на пријателството и соработката, вели градоначалникот на Преспа, Панајотис Пасхалидис во интервјуто за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција АНА-МПА.

Говорејќи за потпишаната спогодба меѓу Северна Македонија и Грција за отворање на граничниот премин кај Маркова нога – Лемос, Пасхалидис вели дека тоа е старо барање на жителите на регионот, веќе 52 години, а во 2017 било доставено и до грчкиот премиер. Објаснува дека граничниот премин бил во функција од 1959 до 1967, кога воената хунта во Грција, еднострано решила да го затворила.

Според градоначалникот на Преспа, новиот граничен премин отвора перспектива за зајакнување на билатералната соработка и односите меѓу народите во регионот.

-Односите се доста надградени во овој период, имаме околу шест прекугранични проекти што се во тек, а најголем проект е изградбата на царините. Овој проект е од околу пет милиони евра, износ обезбеден за формирање на граничниот премин, објасни Пасхалидис.

Поврзани новости