Градоначалникот на пограничната Пешкопеја: Ако не се затвореше границата кај Дебар, вирусот ќе се проширеше

by Фокус

Градоначалникот на пограничната албанска околијата Пешкопеја, Дионис Имерај, за весникот Коха изјави дека привременото затворање на македонско-албанската граница даде позитивни резултати, бидејќи, како што вели, тоа го спречи проширувањето на корона вирусот.

-Затварањето на граничниот премин Блато кај Дебар фактички го прекина проширувањето на вирусот и до овој момент оваа погранична околија на Албанија со Македонија кај Дебар нема ниту еден заболен – вели Имерај.

Тој посочува дека ако се има предвид дека секој ден од пограничните населени места на Албанија и градот Пешкопеја, одалечен само 23 километри во Дебар, престојуваат голем број на албански државјани за шопинг, рекреација и посета на роднини, ако границата не се затвореше вирусот многу лесно ке беше пренесен.

Поврзани новости