Градоначалникот на Делчево: Лажна вест е дека сум се тепал и дека сум рекетирал бизнисмени

by fokus

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, вели дека е лажна вест дека учествувал во тепачка или пак дека рекетирал бизнисмени.

-Лажна вест е дека сум учествувал во каква било тепачка или уште помалку во рекетирање стопанственици. Во услови кога, како градоначалник решавајќи децениски проблеми на граѓаните уживам голема доверба кај граѓаните на Делчево, ова го сфаќам како уште еден очаен обид на поединци, креатори на хаосот, да го извалкаат моето име. Во недостиг на факти, поединци можат само да се служат со лаги и небулози и да прават конструкции, за да им е полесно.

Но, за една ваква конструкција и лажна вест очекувам од креаторите на „веста“, посебно од порталите, да се извинат, во спротивно ќе поднесам тужба за навреда и клевета, напиша градоначалникот на Фејсбук.

Поврзани новости