Градоначалникот на Брвеница избран од ДУИ ќе биде независен кандидат за градоначалник на следните избори

by Фокус

Актуелниот градоначалник на тетовската општина Брвеница, Енвер Пајазити, кој на оваа функција беше избран на локалните избори во 2013 година како кандидат на ДУИ, на следните избори ќе биде независен кандидат за градоначалник, откако ги собрал потребните потписи.

Инаку, дел од медиумите во 2014 година објавија дека Пајазити преминал од редовите на ДУИ во таборот на ДПА, но тогаш ваквите написи не беа ниту потврдени ниту демантирани.

Сепак, фактот што на следните избори Пајазити ќе се обиде да добие трет градоначалнички мандат како независен кандидат повеќе од јасно покажува дека неговите односи со ДУИ се нарушени, но дека исторемено не е дел од ДПА, штом не е кандидат ниту на оваа партија.

Но, независната кандидатура не ја исклучува можноста да добие и поддршка и од некоја партија, што ќе биде дефинитивно познато до 14 септември, кога истекува рокот до кој политичките партии мора да ги поднесат листи со кандидати за градоначалници и советници.

Поврзани новости