Градоначалникот на Боговиње починал во Тетовската болница

by Fokus

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи починал во Тетовската болница, откако бил застрелан од огнено оружје, известуваат од полицијата.

Според полицијата, убиството го извршил Абази Ќани (1964) од село Боговиње, кој по настанот се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум од огнено оружје во пределот на десната слепоочница, по што со возило на ИМП ќе биде пренесен во УЦ-Скопје.

Поврзани новости