Градоначалникот Крстев: Се шират лажни информации дека сум починал, поднесов пријава до МВР

by Фокус

Градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, кој е еден од заразените со корона вирусот, информираше дека се чувствува добро, но, како што рече, се шират многу дезинформации низ општината.

Како што рече тој на Телма, поднел пријава во полиција откако слушнал дезинформации дека за него се зборува оти починал и дека се уште полицијата не преземала никакви активности.

Според него, општината функционира и редовно се извршуваат сите активности, вклучително и собирањето на сметот од страна на Јавното комунално претпријатие.

Инаку, во оваа општина еден вработен е тестиран и испаднал негативен на Ковид-19, а се очекуваат разултати и од останатите вработени кои имале контакт со градоначалникот.

Поврзани новости