Градоначалникот Делков ги засука ракавите

by fokus

Неготинскиот градоначалник Тони Делков денес заедно со општинската администрација и советниците ги засукаа ракавите и започнаа со расчистување на просторот околу Спомен – костурницата во градот.

Покрај општинската администрација и советниците, акцијата беше отворена и за сите граѓани, НВО организации и ЈП Комуналец, кои утринава од девет часот започнаа со работа. Истите успеале да наполнат десетици вреќи со ѓубре од местото кое што своевремено беше локација за прошетка и релаксација на граѓаните, но веќе со години наназад е запуштено.

Жители чии домови се наоѓаат во близина на костурницата во повеќе наврати апелираа да се среди, да се искоси тревата и грмушките, бидејќи секое лето имало појава на змии и се плашеле да минуваат од таму, но тврдеа дека змиите започнале да им шетаат и во дворовите.

Пред неколку години, кога на чело на градот беше Ванчо Апостолов од редовите на ВМРО ДПМНЕ, тој најави голем преокт за средување на Спомен – костурницата за кој биле издвоени дури 4.000.000 денари. Тогашниот градоначалник најави изградба на пешачки патеки, игралиште за кошарка, игралиште за одбојка на песок, фонтана и друго. Се уште се нема изградено ништо од најавеното на локацијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости