Градоначалник ќе може да се отповика на референдум

by Фокус

Граѓаните преку референдум ќе можат да покренат прашање за доверба на градоначалникот, еднаш во мандатот на градоначалникот, но не во првата година и во последната година од мандатот – ова е една од суштинските измени на Законот за локална самоуправа, кои од денеска влегоа во собраниска процедура.

Од Министерството за локална самоуправа соопштија дека е подготвено законско решение со европски практики, за понапредна локална самоуправа и доближување на институциите до потребите на граѓаните.

„Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа влезе во Собрание, денеска го имаше првото читање во работните собраниски тела, а со тоа реформскиот процес на постоечкиот закон влегува во својата завршна фаза. Министерот Златко Перински пред комисијата за локална самуправа и пред законодавно правната комисија ја презентираше дополнетата и модернизирана законска рамка, која ќе создаде услови за поефикасни општини, истовремено и позадоволни граѓани“, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Оттаму додаваат дека оценките, анализите и извептаите за спроведувањето на Законот за локална самоуправа покаале дека постојат предизвици во спроведувањето на дел од одредбите. Потребата од законски измени произлегува и од тоа што во изминатиот период се направени усогласувања со правото и стандардите на ЕУ во низа засебни закони со кои се доуредуваат надлежностите на локалната самоуправа, па тоа налага потреба овие измени да бидат соодветно рефлектирани и во Законот за локалната самоуправа како системски закон.

Поврзани новости