Градоначалничката Стаменкова, шампионот Стаменковски и фолк пејачката Велевска се дружеа во Македонска Каменица

by fokus

-Повелете во Македонска Каменица на добра забава, на најголемиот културен настан во регионот, исполент со богата културно – уметничка програма, на ,,Каменичко културно лето 2018’’!

Со овие зборови градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, нејзиниот брат, шампионот во пауерлифтинг, Бошко Стаменковски и фолк пејачката Елена Велевска ги поканија сите љубители на добрата забава да дојдат на манифестацијата која започна синоќа, а ќе трае до 28 – ми август, вторник.

Тие се дружеа вчера, зад сцената, и порачаа дека во општината владее весела атмосфера.

-Голем број на гости од земјава, но и од соседна Бугарија, насмеани лица, дружељубив народ, забава, музика, традиционална Каменичка скара, сето тоа ве очекува овде – ни изјавија расположено, додека заеднички го следеа настапот на Тамара Тодевска.

Културно – уметничката програма во Македонска Каменица започна вчера, со настапот на фолклорен ансамбл од Белица, Бугарија. Потоа свои настапи имаа фолк пејачката Елена Велевска и поп пејачката Тамара Тодевска. Градоначалничката Стаменкова вели дека е презадоволна од посетеноста на настанот. Додава дека вечерва, а и утре очекува уште повеќе гости од сите краеви на земјава, и се надева дека со изборот на музичките гости ќе бидат задоволени различните музички вкусови на публиката.

-Вечерва ,,Каменичко културно лето’’ продолжува со настапите на B&C, тие ќе започнат во 21 часот, потоа следи концерт на Слаткаристика, а во 23 часот гостуваат популарните С.А.Р.С. од Србија. Последната вечер во 21 часот настапуваат Риплеј бенд, во 22 часот започнува настапот на Ален Исламовиќ, и за крај хрватската музичка ѕвезда Јелена Розга, со почеток од 23 часот. Ве очекуваме и се надеваме дека ќе допринесеме за промоција на Македонска Каменица како одличен домаќин и центар за културни збиднувања во регионот – вели градоначалничката.

,,Каменичко културно лето’’ е еден од најголемите општински настани во Македонска Каменица кој привлекува многу посетители. Ова е десето издание на манифестацијата. Се одржува традиционално од 26-ти до 28-ми август, Ден на Општина Македонска Каменица и воедно Ден на рударите и големиот христијански празник и заштитник на рударите ,,Успение на Пресвета Богородица’’.

Вики Клинчарова

Поврзани новости