Градинката која најави дека ќе оди на митинг на ВМРО-ДПМНЕ вели дека некој им го злоупотребил фејсбук профилот

by fokus

Велешката градинка „Димче Мирчев“ утринава се најави дека ќе оди на „Големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ“ закажан за денес во Велес, односно на официјална фејсбук страна на градинката беше најавено присуство на партискиот митинг.

По скандалозната објава не запираа реакциите од загрижените родители кои побараа кривична одговорност за одговорните, бидејќи, како што велат не дозволуваат градинката каде што престојуваат нивните деца да бидат злоупотребувана за партиски цели или пропаганда.

Набрзо со оправдување се јавија и од градинката, од каде што појаснуваат дека фејсбук профилот бил злоупотребен за политички цели.

-Официјалниот фејсбук профил на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ неодамна беше злоупотребен за политички цели. Ве информираме дека се превземаат сите мерки за отстранување и откривање на злоупотребата, која во иднина се надеваме нема да се повтори. Фејсбук профилот на градинката се користи и ќе се користи за намената за која што е отворен. Ви благодириме на разбирањето, пишува на фејсбук профилот на
ОЈУДГ Димче Мирчев Велес.

Поврзани новости