Градежните активности на Петревски се криминални за полицијата

by lali 12:08
12:08

Јавните набавки во општина Охрид, поврзани со градежните активности на локалната самоуправа во периодот од 2010 до 2013-та, може во затовор да го однесат екс-градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Александар Петревски. Тој е приведен од полицијата заедно со уште десетина вработени, а меѓу нив и поранешниот раководител на Секторот за комунален развој на Охрид.

Првичните информации зборуваат дека групата на Петревски ја злоупотребила службената должност, но истрагата ќе ја дополни пријавата ако постојат и други кривични дела. Информации на „Фокус“ потврдуваат дека поголем дел од приведените се надзорници кои ги следеле градежните зафати на општината, како што се интервенциите во село Пештани или село Трпејца, но и изградбата на многу улици низ градот.

- Advertisements -

Извори од истрагата коментираат дека полицијата една година ги проверувала набавките на градежни материјали, како бекатон, тампон, асфалт и други градежни материјали. Уште на стартот од истрагата некои од приведените биле повикани да објаснат како се потпишувале документите на кои биле наведувани суми, кои не се раални на набавките.

Но по една година од првичното испрашување на осомничените, полицијата сега напиша кривична пријава. По се изгледа дека екс- градоначалникот Петрески бил предводник, а сите подредени знаеле што се набавувало и како, но и по какви цени. Сепак тие, според полициски извори, потпишувале документи иако знаеле дека постапката за набавка не е исправна.

Што навистина погрешиле и за колку пари ја оштетиле општината ќе соопшти полицијата во текот на денот. Исто како што и се очекува од адвокатите на приведените да откријат какви и дали се издржани доказите на МВР.

Со оглед дека полициската пријава е напишана, лесно може да се прогнозира дека Јавното обвинителство ќе отвори истрага, а за неколку месеци ќе има и судски процес, исто како и во сите други предмети кога се приведуваат политички противници.

Поврзани новости