Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

by fokus

Компанијата Adora Living Solution, којашто го претставува градежниот бренд Адора во Србија, воспостави соработка со Фондацијата Новак Ѓоковиќ и како нејзин главен партнер, учествува во реализацијата на проектот за реконструкција и адаптација на детската градинка во Љубиш, општина Чајетина. Селото Љубиш се наоѓа во непосредна близина на српскиот планински туристички центар Златибор, кадешто Адора го гради својот најнов проект, иновативниот хотелско-резиденцијален комплекс „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora“.

Фондацијата Ѓоковиќ, во чиј фокус е грижата за подобра иднина на младите генерации, изрази голема брагодарност за партнерството и донацијата на Адора, со чија помош ќе биде отворена детската градинка во Љубиш, што ќе овоможи унапредување на воспитувањето и квалитетот на животот на најмладите во општина Чајетина.

Душко Чифлиганец, директор на Adora Living Solutions и проект лидер на градежниот проект на Златибор, изјави дека успехот на една компанија се мери преку квалитетот на општеството што таа успева да го создаде во средината кадешто делува.

„Ни претставува огромна чест што ќе соработуваме со Фондацијата Новак Ѓоковиќ во заедничка хумана мисија во Србија, како продолжение на длабоко врежаната општествено одговорна корпоративна филозофија на Адора и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, секогаш да и возвраќаме на заедницата во општините кадешто имаме деловни активности. Од срце и се заблагодаруваме на Фондацијата Ѓоковиќ за укажаната доверба и за нејзиниот ентузијазам во вложувањата за помагање на младите и на оние на кои тоа им е најпотребно. За нас е чест да соработуваме, да се инспирираме и да учиме од луѓе со кои делиме иста мисија за создавање на посреќно, поздраво и похумано општество со еднакви можности за сите. Децата се нашата единствена заедничка иднина, а вложувањето во најмладите генерации е најсигурен темел за подобро утре“, порача Душко Чифлиганец.

Поврзани новости