Градежен работник пренесен во Ургентен центар откако паднал при работење

by fokus

Триесет и осумгодишен работник паднал изведувајќи градежни работи во село Форини, гостиварско и се здобил со тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Гостивар, поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа на Надворешната канцеларија за криминалитички работи Гостивар и инспектор за труд,безбедност и здравје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости