Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, фирмата добивала поголеми тендери во нивно време

by fokus

Неспособна да одговори на секојдневното одобрување и поздравување од страна на граѓаните на проектите на Град Скопје реализирани за само три години, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, се наведува во денешната реакција на Градот Скопје на прес-конференцијата на опозициската партија.

-ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз. ВМРО-ДПМНЕ е неспособно да одговори зошто во времето на нивните градоначалници не се изградени и реконструирани помалку булевари и улици отколку во последните три години, нагласува Град Скопје.

Во прилог на соопштението е објавен линк , во кој, како што наведуваат од Град Скопје јасно се гледа дека наведената фирма склучувала договори и во поголеми износи пред доаѓањето на актуелната градска администрација.

-Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ наместо да измислуваат лаги, конечно да почнат да работат на вистинските интереси на граѓаните на Скопје, се додава во реакцијата на Град Скопје.

Поврзани новости