Град Скопје со помош од три милиони денари за Петриње и Загреб

by fokus

Два милиони денари за Петриње и еден милион денари за Загреб е сумата која Град Скопје ќе ја испрати како помош за настраданите од катастрофалните земјотреси во овие два града во Хрватска во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица.

Од Град Скопје информираат дека Одлуката за давање помош, Советот ја донел на денешната итна вонредна седница.

-Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Град Скопје дава помош  од 3 милиони денари, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики, се вели во соопштението.

На седницата, како што информираат, градоначалникот Петре Шилегов истакнал дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи и затоа во кординација со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели помош на пријателите од Загреб и од Петриња.

Поврзани новости