Град Скопје со 2 милиони денари ќе го субвенционира чистењето на оџаци

by fokus

Градот Скопје наскоро ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, се наведува во соопштението и се додава дека изминатите години субвенцијата била во износ најмногу до 1.000 денари.

Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 1 јануари, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“, ќе биде отворен до 30 ноември или до реализирање на средствата во износ од два милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020.

На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните и други субјекти за чистење на оџаците може да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје, се наведува во соопштението и се додава дека чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона.

Поврзани новости