Град Скопје нема да постапува по опомените за данок на имот и фирмарина

by Fokus

Град Скопје соопшти дека нема да презема дополнителни мерки по решенијата за данок на имот и фирмарина кои пристигнуваат на адресите на граѓаните.

Тие решенија беа пристигнати пред да се случи епидемијата со корона вирусот.

„Додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови“, пишува во соопштението на Град Скопје.

Поврзани новости