Град Скопје набави пет електроскутери за администрацијата

by Фокус

Град Скопје денеска ги промовираше петте електроскутери кои ќе ги користи градската администрација. Скутерите ќе ги користат службите на Град Скопје – инспекторите, комуналните редари и други.

-Градот Скопје со набавката на овие 5 електроскутери го направи првиот директен чекор кон електромобилност во Скопје со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување, рече при промоцијата градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Тој ги повика другите локални самоуправи, како и државните институции да го следат примерот од Град Скопје, да набават електромобили и да ја поддржат електромобилноста. Во наредниот период Градот Скопје ќе набави и еден електроавтомобил и 5 електровелосипеди за потребите на градската администрација.

Поврзани новости