Град Скопје ќе засади јапонски цреши и на Бит-пазар

by Фокус

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека јапонски цреши ќе никнат и кај булеварот на Бит-пазар.

Екипи на градот вчера засадија 18 јапонски цреши на улицата Максим Горки во строгиот центар на градот, на местото каде беа исечени исто толку стебла.

Дел од јавноста реагираше на оваа сеча, меѓутоа од градот појаснија дека станува збор за заболени стебла.

Поврзани новости