Град Скопје ќе го презентира брзиот јавен превоз

by fokus

Град Скопје денеска ќе го презентира системот на брз автобуски јавен превоз БРТ во Скопје.

На презентацијата ќе учествуваат градоначалникот Петре Шилегов, помошник директорот на ЕБОР, Ијан Џенинкс, сообраќајниот експерт од областа на јавен градски превоз, Никола Крстаноски, сообраќајниот експерт за БРТ, Градимир Стефанович и генералниот менаџер на РОМ Инженерство, Мош Хрш.

Проектот се реализира со кредит од 70 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој. Новиот урбан транспортен систем предвидува воведување приоритетни автобуски коридори коишто ќе бидат наменети за енергетски ефикасни или хибридни автобуси, кои ќе обезбедат брз, удобен и економичен јавен превоз. Иновативните компоненти како што се наплата на билети на автоматски терминали, електронски билети и динамичка регулација на услугите, треба да го подигнат квалитетот на услугите на ново ниво, беше најавено при потпишувањето на договорот за кредитот.

Поврзани новости