Град Скопје и НВО Инфоцентар ќе презентираат анализа колку се искористуваат ИПА фондовите на локално ниво

by fokus

НВО Инфоцентар и Град Скопје во понеделник ќе ги презентирани наодите од анализата „Капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови на локално ниво – Студија на случај: Град Скопје“.

Овој документ е дел од серијата студии на случај, во кои покрај Град Скопје,  вклучени се Струмица, Битола и Тетово, а во кои се анализираат и оценуваат постојните капацитети на општините за искористување и програмирање на ИПА фондовите.

Овие студии ја анализираат и соработката на општините со граѓанските организации и нудат препораки за зголемена апсорпција на европските фондови и подобра соработка со граѓанскиот сектор на локално ниво.

На прес-конференцијата ќе се зборуваат градоначалникот Петре Шилегов, извршната директорка на НВО Инфоцентарот, Билјана Бејкова и Љупчо Петковски, еден од истражувачите и еден од авторите на студиите.

Прес конференцијата се организира во рамките на проектот „Локален консултативен механизам ИПА2“, кој го спроведуваат НВО Инфоцентар и Организацијата на жени од Струмица. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Поврзани новости