Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред

by fokus

Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред и се оградува од активностите кои предизвикаа жестоки реакции во јавноста. Во соопштението што го испратија од Градот се вели дека во проектната документација што ја доставил кампот до нив, ја немало наведено спорната активност ниту имало доставено каква било информација што укажувало на нешто такво.

-Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред. Ја споделуваме загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваме дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти туку исклучиво од професионалци во областа, пишува во соопштението.

Според информациите до кои дојде „Фокус“, Град Скопје во 2019 година финансиски го поддржал кампот наречен „Секс, извидници и рокенрол“ или „Sex scouts and Rock n Roll“ организиран од Првиот скопски извиднички одред.

Овој камп стана спорен за јавноста откако „Слободен печат“ објави сведоштво од родител на девојче кое учествувало на овогодинешниот камп, според кое имало активности во кои децата си боеле интимни делови од телото и ги пресликувале на хамер, симулирарале секс пози во двор на манастир, симулирале секс со краставица и кукла на надувување.

Град Скопје го финансирал кампот „Секс, извидници и рокенрол“ во 2019 година

Поврзани новости