Град Скопје додели шест милиони денари за семејствата на жртвите од пожарот

by Fokus

Град Скопје додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Како што велат од Град Скопје, покрај паричната помош во најскоро време ќе биде доделена и дополнителна помош.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески рече дека средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст.

„Ова е првична помош за семејствата на настраданите во рамки на можностите на Буџетот на Градот. Во најскоро време сме подготвени за дополнителна помош за семејствата на настраданите“, рече Славески.

Советот на Град Скопје ја почна денешната вонредна седница со оддавање почит на загинатите во трагичниот пожар во Кочани.

Поврзани новости