Град Скопје: Автобусите се дадени на тест период бесплатно

by fokus 14:27
14:27

Град Скопје реагира на наводите изнесени во денешната прес-конференција на советничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ, во однос на новите пробни автобуси во Скопје и ги отфрла наводите за можна корупција.

„Градот Скопје интензивно работи на креирање јавен транспорт којшто е функционален, економичен и еколошки. Очигледна е лошата состојба во која се наоѓаат автобусите во јавниот превоз во моментов во Скопје и потребни се итни решенија за негово подобрување, а автобусите земени на тест-период се добар начин да се премости периодот до идната набавка на нови автобуси и да се донесе подобра одлука базирана на статистиките од користењето и задоволството на корисниците“, велат од таму.

Изминатиов период Градот Скопје доби два тест автобуси на ЦНГ гас од два различни производители кои што веднаш беа вклучени во јавниот превоз, а наскоро се очекуваат и нови слични проекти со други производители на еколошки автобуси меѓу кои и на еден електричен. Овие автобуси ќе бидат отстапени на Градот бесплатно, а првичните бројки покажуваат дека трошоците за гориво се речиси преполовени.

„Собраните податоци во овој период ќе помогнат во носењето на одлуки засновани на релевантни информации за какви автобуси ни требаат во Скопје. Оваа градска администрација нема да купува автобуси по принципот “миле, ми текна” како при минатата набавка на кинески автобуси каде првиот критериум беше ретро изгледот, а не перформансите на возилата. Во моментот кога Градот Скопје и ЈСП ќе донесат одлука за да набават нови автобуси, тоа ќе се случи во фер, отворена и транспарентна постапка во согласност со сите постоечки закони“, велат од Град Скопје.

Поврзани новости