Гоце Тодоровски ја одигра последната претстава

by Fokus

Актерот Гоце Тодоровски се пензионираше. Вчера тој ја одиграл последната претстава и бил испратен со громогласен аплауз од публиката и колегите од Драмски театар.

-Нашиот драг колега, бардот на Драмски театар, Гоце Тодоровски ја изигра последната претстава на плата. После претставата имаше громогласен аплауз, говор и подарок од директорот, екипата и се разбира, од мене. Среќно одење во пензија колега ти посакувам, и понатаму уште многу улоги. Доколку те нема на сцената, нашата публика, а и Драмски Театар ќе изгуби еден голем раскошен актер – порача актерката Душица Стојановска Настовска.

Познатиот актер е роден во Кичево и веднаш по вработувањето во Драмски театар во Скопје стана еден од најпознатите комичари кај нас. Учествуваше во голем број на ТВ и радио сатирични емисии и серии. Глумеше во повеќе филмови, но најзапаметен ќе остане по улогите во Македонски народни приказни, каде ги имаше водечките улоги од 1986 до 2012 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости