Гостиварец му скршил нос на полицаец кој се обидувал да го приведе

by fokus

33-годишен гостиварец со иницијали Д.К. нападнал двајца полициски службеници кои се обидувале да го приведат вчера околу 12.50 часот на улицата „Мара Угриноска“ во Гостивар.

При обидот да биде приведен, 33-годишникот почнал да дава активен отпор и со тупаница го удрил едниот полициски службеник во пределот на носот, нанесувајќи му фрактура со крварење, а со повреда во пределот на десната потколеница и десната дланка се здобил и другиот полициски службеник.

„По кратко време Д.К. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок“, велат од полицијата.

Поврзани новости