Господ постои и има конкуренција, името и е е Народна банка

by fokus

Овој текст е напишан од ограбените граѓани во ЕУРОСТАНДАРД БАНКАТА

 На 12 Август 2020 година се обелодени  најголемиот грабеж на народни пари во историјата на Република Македонија. Пленот тежи повеќе од 60 милиони евра во кеш префрлен на сметки на компании и физички лица. Висока сума и за многу побогати од нас.

Покрај депозити од граѓани ограбени се и повеќе од 2000 фирми и компании кои со години работеле преку оваа банка. Блокирани се трансакциските сметки на нивните вработени. Однесени се во  своевиден стечај преку ноќ, без најава, без вина. Бројките не се прецизни бидејќи и после телку време се уште нема точни податоци.

Ако се знае дека заложените имоти не вредат доволно, јасно е дека парите се земани но и давани од некои лица од банката со цел да не се вратат – во банката.

До овој мега скандал кој се минимизира со сите расположливи средства,  довеле дејствија кои траеле со години, а се случувале под мониторинг на Народна банка и има повеќе учесници кои соработувале меѓу себе.

Тука се пред се личности од управниот одбор на ЕСБ, проценители ангажирани од банката, мала група на лица на високи позиции во Народна банка и секако договорени кредитокорисни без кои не би било можно сево ова да се изведе.

Сите овие лица имаат имиња и презимиња, сите ставале свои потписи на различни документи при процесот на добивање на кредитите. Некои  дозволувале банката да се празни со години иако имале законска обврска да го спречат тоа.

Според членот 273 член 1 од Законот за  кривична постапка Сите државни органи, јавни претпријатија и установи се должни да ги пријават кривичните дела за кои се гони по службена должност за кои се известени или за нив дознале на друг начин.

Се наметнуваат низа  прашања кај секој граѓанин на оваа опљачкана земја кои остануваат без одговор од надлежните.

Како може да нема одговорни  во ваков организиран криминал?

Зошто законите дозволуваат да нема одговорност за тие што ги земаат кредитите и зошто не се бара да гарантираат со својот личен имот ако веќе 25 години се знае која е шемата за овој вид криминал.

Зошто никогаш до сега не биле повикани ниту одговарале надлежните од Народна банка? Бидејќи имале увид во случувањата.

Како е можно тие да не одговараат пред ниту една институција  за своите постапки а парите упорно по кој знае кој пат ,,пропаѓаат” пред нивни очи?

Во сите овие случаи не станува збор за солвентност, не солвентност, под капитализираност, законски минимум од 8 %, вонтеренски супервизорски стандарди, кредитна не адекватност, слабости во корпоративното работење, не ликвидност и др дефокусирачки манипулативни дискусии и интервјуа подолги од Евангелието по Лука,  туку кратко,  за криминал и кражба на народни пари.

По кој знае кој пат.
Никогаш не вратени.
Никогаш не се одкрија актерите.

Никогаш Народна банка не понесе одговорност за својот удел во не спречувањето. За не соодветните мерки насочени кон уништување на поедини банки.

Само бог не одговара пред никој. И Народна банка.

А дебело ги плаќаме да се грижат за нашите пари.

Велат, долго време правеле максимални напори и превземале соодветни мерки за стабилизирање на банката.
Соодветни??

Пред максимално да се вложат и да ги превземат ,,мерките за подобрување на состојбата” банката била подкапитализирана но не и под законскиот минимум од 2% (според изјавата на гувернерката дадена за неделникот ФОКУС). Исто така банката била во процес на интензивно присилно наплаќање на побарувања. Какви меки употребила Народна банка за да дојде до ваков епилог???

Биле совесни, одговорни и имале висока доверба од граѓаните.
Од кои граѓани???

Од оние 140 000 што во серед пандемија со која едвај се справуваме ги оставија без пари и ги упатија да чекаат редови пред други банки? Во време кога имавме најголема смртност во регионот на милион жители.

Како експерти за вадење проценти, дали израчунале колку проценти се тие 140 000 граѓани од возрасното население во државава и коку проценти од вкупниот број на семејства ќе бидат засегнати? Не излегоа со податок. Внимателно ги читаме сите изјави.

Намирисани со скапи парфеми, и седнати во нивните климатизирани, луксузни канцеларии дали помислиле воопшто на своите хранители – граѓаните?

Дали помислиле дека некои од тие граѓани ќе треба да сменат и по три автобуси, комбиња и сл, по горештини, во падемија,  за да дојдат до најблиската банка бидејќи ни ги затворија блиските шалтери на кои со децении си земааа пензии, си плаќавме сметки ….      Или можеби мислеле на шалтерските работници кои беа изложени на зголемен ризик од зараза поради работата со документи од стотици граѓани дневно?

Мислеле ли на медицинскиот персонал кој 6 месеци живее и работи под комплетна заштитна опрема, дење – ноќе, кога ги пуштија луѓето да се гужваат по банките? 140 000. 50 000 Пензионери.

Или на прерано починатите грѓани од вирусот и тие што ќе се заразт заради нивните стручни проценки?

Тие граѓани се нечии сакани родители.
Сакани баба и дедо
Почитувани соседи со кои си делиме и добро и лошо
Тоа сме сите ние.
И немаме доверба во вас.

Како резултат на сето ова кај граѓаните се создава чувство на не сигурност и страв кое НБ и пензионираните навивачи сакаат да го потиснат со секојдневни објави во медиуми,  во кои доминираат зборовите: ,,сигурен”,  ,,стабилен”, ,,безбедн”, ,,заштитени”, ,,високи стандарди”, ,,одговорни”,  ,,професионални” ,,ве уверуваме”, и сл. а штотуку се обелодени дека околу 60 милиони евра оставени во банка ,,пропаднале”.

Под нивен надзор.
Пред очи.
Пред очите на сите Граѓани.
Без срам.
Без образ.
Без каење.
Без крај.

*Текстот е реакција од Здружението на оштетените штедачи на Еуростандард банка.

 

Поврзани новости