Гошев предлага меѓународна интервенција за врхушката на влaст да не учествува на следните избори

by Фокус

Домашен фискален совет не би функционирал, бидејќи тие што би го избрале не би избрале личности со интегритет и не би им дале  овластувања со кои би си го суспендирале своето политичко влијание и моќ, вели во анализа во Слободен печат екс гувернерот и министер за финансии Петар Гошев во однос на предлогот на поранешниот премиер Хари Костов за формирање на вакво тело.

Поради тоа што фискален совет доминиран од странци е невозможно да се состави без политичка волја на актуелната политичка елита, тој предлага меѓународната заедница да ги истурка властодршците од изборниот процес, бидејќи, според него, краделе безмилосно и лажирале избори колку им требало.

– Преку фискален совет доминиран од странци може да се составуваат буџети кои ќе водат сметка за ненарушување на финансиската стабилност преку каналот на јавните финансии, под претпоставка таквиот совет да го има крајниот збор за обемот на расходите и приходите, што значи и за големината на буџетските дефицити, односно домашното и странско задолжување – вели Гошев.

Сепак, според него, фискалниот совет нема да има многу овластувања кои се злоупотребуваат пред се за крадење на народните пари и изнесување надвор од државата.

– Нема да одлучува за тендерите преку кои се крадат јавните пари и добар дел од нив се изнесуваат надвор од државата. Нема да одлучува дали да се градат споменици, да се садат врби, да се градат тркала во фекалиите на Вардар, дали субвенциите ќе завршат кај Миленко, Пиленко, Багабундо и слични. Нема да одлучува какви видови даноци ќе плаќаат граѓаните и фирмите. Нема да усвојува закони а со нив, како што знаеме може, односно се дерогира и најдобро смислена фискална политика, итн – вели екс гувернерот и министер за финансии.

Поврзани новости