Горјан Максимовски, сопственик на објектите на ОХИС: Сега ги издаваме под закуп, но имаме развојни планови!

by Фокус

Горјан Максимовски, косопственик и управител на „Хемиски Инжинеринг“, која го откупи имотот на АД ОХИС во рамки на стечајната постапка за околу 7 милиони евра, вели дека неговите деловни активности главно се одвиваат во странство, меѓутоа, како што објаснува, одлучил да откупи објекти и опрема во ОХИС со цел да реализира одредени развојни планови.

Во рамки на стечајната постапка на ОХИС, беа објавени 3 огласи за продажба на имотот и опремата, при што јас го купив на третиот оглас како единствен учесник и понудувач во постапката. Во моментов, дел од објектите ги издаваме под закуп, а за во иднина имаме развојни планови што би сакале да ги реализираме. во моментов, не можат да откријам повеќе детали – изјави Максимовски за Фокус.

Најновиот број на неделникот Фокус пишува дека, според податоци од Катастарот на недвижности, компанијата моментално поседува објекти во ОХИС со вкупна површина над 170.000 квадратни метри, од кои најголем дел се откупени на оглас во рамки на стечајната постапка, додека помал дел се стекнати преку откуп на правата на Комерцијална банка како разлачен доверител во вредност од 600.000 евра.

В.С.

Поврзани новости