Горивата во Црна Гора најевтини во регионот

by Fokus

Според објавата на црногорската Влада, горивата во земјата се со најниски цени во регионот.

На својот инстаграм-профил Владата во Подгорица објавува дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, 1,69 евра во Албанија.

„Цената на еден литар бензин “Супер 98” во Црна Гора е 1,30 евра, во Северна Македонија – 1,40 евра, во Хрватска – 1,46 евра, во Србија – 1,65 евра, во Босна и Херцеговина – 1,67 евра и во Словенија – 1,70 евра“, велат од црногорската Влада.

Поврзани новости