Гори на повеќе места во Македонија

by Fokus

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека според податоците до 18 часот на територијата на државата се активни неколку пожари во скопскиот, струмичкиот, кумановскиот охридскиот, битолскиот и штипскиот регион.

Пожарот кај село Градманци во скопски е активен. На лице место има четири екипи од БППЗ, една екипа од ШС Караџица и екипа од општина Петровец. Еден крак од пожарот префрли преку сртот кон село Долно Коњари. Известени се надлежните од општини Петровец и Гази Баба, БППЗ, ШС Караџица и ДЗС за Град Скопје. Состојбата се следи, информираа од Центарот за управување со кризи.

Во Струмичкиот регион, шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот на ден 1 август кај местото викано Погана и кој зафати површина од 200 хектари ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен) се уште е активен.

Поврзани новости