Гори големо стрниште во околината на Битола, пожарникарите се на терен

by Fokus

Гори трска висока и до три метри по течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино, во битолско.

Како што соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, екипите на ТППЕ Битола се на лице место, нема никаква опасност.

Според Ангелов, огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку.

Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.

Битолските пожарникари се обидува да го изгаснат пожарот.

Поврзани новости