Ѓорѓиевски му честиташе на Димитриевски, но и заклучи дека граѓаните не ја препознале неговата визија

by fokus

Кандидатот за градоначалник за Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, денеска на прес конференција се заблагодари на граѓаните кои гласаа на овие избори и кои со својот глас одлучиле во каков град и држава сакаат да живеат и му честиташе на Максим Димитриевски од СДСМ кој победи во првиот круг.

-Достоинството, присебноста, разумот ни налагаат на мене и тимот со кои настапувавме во кампањата да ја приближиме нашата визија за идното Куманово во кое би сакале да живееме сите ние. За наша жал не беше препознаено од поголемиот дел од нашите сограѓани, рече Ѓорѓиевски.

Истакна дека одлуката на граѓаните ќе ја почитува и додаде дека не сака да ги дели граѓаните на „наши“ и „нивни“, бидејќи нагласи никогаш и не ги делел.

Поврзани новости