Ѓорѓиева, поранешната девојка на Тодор Петров, со напади и навреди кон родителите на Тоше: Државата ли треба гроб да му прави?

by Fokus 12:13
12:13

Роза Ѓорѓиева, гевгеличанка која што со години живее во Холандија, во јавноста позната како поранешна девојка на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, вчера се впушти во жестока расправија на социјалните мрежи со почитувачите на делото на Тоше Проески, по повод одлуката на владата да одвои 10 милиони денари за да го среди гробното место на легендарната музичка ѕвезда.

Според Ѓорѓиева, семејството на Проески треба да се срами што наводно заработува пари од Тоше, а чека друг да му го направи гробот.

- Advertisements -

,,А не му е срам на семејството да прави пари од Тоше, а гроб друг да му прави? За кој друг пејач има такво нешто? За Гоце? За Војо? Фамилијата на Тоше, бедници грозни, кои немаат срам, а пари полни’’ – напиша таа под објавата на текстот во кој Славен Ристески, зет за сестра на Тоше се заблагодарува во име на семејството, за одлуката да се одвојат средства за изградба на гробот.

Нејзините обвинувања и навреди кон родителите на Тоше предизвикаа бурни реакции во јавноста. Револтирани граѓани и порачаа дека не постојат пари кои можат да му ја надоместат загубата на семејството, и како таа треба да се срами од своите коментари, на што Роза одговара дека таа го носи Тоше во срцето, а тие кои го политизираат се нелуѓе. Во преписката со граѓаните, таа дури и сподели нејзнина заедничка фотографија со Проески, алудирајќи на тоа дека нема ништо лично против него. ,,Тоа е вистината, зошто сте нереални? За колку славни македонски пејачи се има такво нешто сторено? Жално е што вие не го гледате тоа, а не значи дека не го обожавав Тоше. Дали сте отишле таму да видите колку народ поминува и колку пари се оставаат? Да е мое дете, зарем ќе оставам на државата гроб да му прави? Тоа е срамно!’’ – тврди во своите коментари Ѓорѓиева.

Како мало потсетување, таа и стана позната на јавноста пред околу четири години, кога за медиумите јавно раскажа за љубовта со Тодор Петров, кој важи за заколнат ерген. Призна дека нивната врска траела три години, а за неа знаеле нивни блиски роднини и пријатели, како и голем број на нашинци во Холандија, кои имале можност да ги гледаат заедно на македонските собири.

,,Нашата историја е долга и широка! Се знаеме уште од млади, и двајцата сме од Гевгелија. Сепак не би сакала да откривам повеќе детали. За ваша информација, среќни сме, заљубени, заедно сме, и тоа е се што ќе ви кажам’’- ни раскажа Роза пред четири години.

Лани пак, ни потврди дека ставиле крај на врската, и како нема ништо од свадбените ѕвона.

,, Со Тодор сме во добри односи, но нема никаква свадба. Немаше кавги, ниту пак лоши зборови. Слободно напишете дека ќе си остане ерген’’ – беше нејзината кратка изјава за ,,Фокус’’. Петров одби да коментира за приватниот живот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости