Ѓоргиев: Решение за Делчев да прифатат и македонското и бугарското општество

by Fokus

Фактичната состојба околу решавањето на прашањето за Гоце Делчев меѓу бугарската и македонската страна е дека и двете го перцепираат за свој национален херој.

Ова го истакна копретседавачот на мешовитата комисија за историја, Драги Ѓоргиев, во интервју за Телма.

„Бидејќи и бугарскотот општество и македонското општество гледаат на Гоце Делчев на тој начин, јас реков дека решението во овој момент е да се прифатат тие две перцепции, со цел да се надмине овој проблем. Двете општества не се подготвени за поинакво решение. Било кое друго решение нема да биде прифатено од соодветното општество“, вели Ѓоргиев.

Поврзани новости