Ѓоргиев: Неприфатливо е Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

by Fokus

Барањето на Бугарија, Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања со Бугарија.

Тој во интервју за ТВ Телма во пресрет на новата средба на Мешовитата комисија за историски прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија што ќе се одржи во Скопје на 15 и 16 октомври по пауза од речиси една година, го коментира барањето на бугарскиот тим кој во Скопје доаѓа со непроменет став, за Гоце Делчев да се идентификува како Бугарин

– Во решавањето на вакви конфликтни ситуации ако го земеме европското искуство, секогаш за нерешени прашања се води дијалог. За многу конфликтни ситуации дијалогот е единствено решение. Ние ќе продолжиме со дијалог за Гоце Делчев. Меѓутоа во тој дијалог секогаш треба да се бара решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни. Прифатливо решение значи во кое ќе нема победник, односно, двете страни ќе бидат задоволни од решението. Прифаќањето на еднострано решение за Гоце Делчев, дали тој да биде Бугарин или Македонец не е решение во овој спор, вели Ѓоргиев.

Поврзани новости