Ѓоргиев: Бугарија да ја признае денешната реалност, а Македонија да биде похрабра за минатото

by Фокус

Македонскиот историчар Драги Ѓеоргиев, кој е претседател на македонскиот тим на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања, смета дека комисијата мора да продолжи со работа. Тој во телефонско гостување во емисијата „Слободна зона“ на бугарската телевизија „Европа“ рече дека доколку се прекине дијалогот ќе остане чувството дека добрососедството меѓу Бугарија и Македонија не е искрено.

-Ако имаме предвид дека во претходните две години кога течеа разговорите во таа комисија понекогаш од страна на Бугарија беше потенцирано дека „треба ние да гласаме за почнување на преговори со ЕУ“ и „треба Бугарија во текот на тие преговори со Унијата да даде согласност за одредени прашања“, тоа беше понекогаш користено во разговорите како еден вид притисок. Меѓутоа, не сметам дека тоа можеше да се оствари од бугарската страна и затоа и сега не сметам дека Македонија со добивањето на преговори со ЕУ и со членството во НАТО на некој начин тоа ќе го злоупотребува. Во секој случај сега нашата позиција, ако зборуваме политички е подобра, веќе не виси над нас тоа условување. И тој аспект може да се каже дека нашата позиција сега е полесна, меѓутоа не сметам дека ние сега треба да се однесуваме неодговорно и да ја злоупотребуваме таа позиција – рече Ѓоргиев.

Тој истакнува дека Бугарија треба да го промени погледот на Македонија за сегашноста, односно, како што вели, да ја признае реалноста создадена на територијата на денешна Северна Македонија, додека од друга страна, според него, македонската историографија треба малку похрабро и поотворено да проговори за минатото.

Поврзани новости