Ѓорге Иванов ќе сведочи за „27 април“

by fokus

На едно од следните рочиштата за „Организаторите на 27 април“ закажани за наредната недела, се очекува во судница да се појави и експретседателот Ѓорге Иванов.

На денешното рочиште дојдоа 14 сведоци предложени од одбраната на ексминистерот Спиро Ристовски, кој исто така е меѓу обвинетите. Тие сведочеа дека Ристовски имал други планови, односно не го организирал упадот, туку се селел, а требало и да посети болен.

На крајот на денешното рочиште, адвокатите најавија дека ќе повлечат повеќе од предложените сведоци. Сепак во судница се очекува да се појави експретседателот Ѓорге Иванов, кој не е повлечен.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Поврзани новости