Ѓорчев: Македонија гори, а Заев си пие кафе низ чаршија

by fokus

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев, денеска на прес-конференција истакна дека никогаш во Македонија немало повеќе од петстотини пожари во месец март. Тој обвини дека додека горат пожари, инстуциите се индиферентни, а Заев пие кафе низ охридската чаршија.

„Никогаш во Македонија немало повеќе од петстотини пожари во месец март. Тоа значи дека нема држава. Тоа значи дека нема институции. Тоа значи дека има целосна спрега на криминалот заедно со државните институции. Вклучени се шумската мафија, вклучени се институциите на полицијата, локалните власти и министерствата. Не може во Македонија да има повеќе од петстотини пожари, а институциите да се индиферентни. Има таква зачмаеност, да има таква негрижа. Оваа негрижа многу ги чини шумите многу ги чини граѓаните, имотите на луѓето коишто ги имаат уништено. Се уништуваат националните паркови. Во време додека Зоран Заев оди и се поздравува и пие кафе низ чаршијата во Охрид  гори струшко, гори Галичица, гори Преспа, гори трската. Никој ништо не превзема. Тоа е невидена негрижа.“, вели Ѓорчев.

Поврзани новости