Ѓорчев ќе сведочи за обидот за убиство врз Зијадин Села

by fokus

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

По предлог на одбраната денеска пред Судот треба да сведочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој иако беше повикан на минатото рочиште, не се појави.

За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

.

Како сведок беше поканет и премиерот Зоран Заев, кој не се појави поради презафатеност. Бидејќи Заев не се појави на судењето и беше прескокнат како сведок, одбраната се откажа од неговото сведоштво со образложение дека им се нарушил замислениот концепт со кој изјавите според предложениот редослед требало да се надополнуваат.

Поврзани новости