Ѓорчев: Катица Јанева да не помисли да украде или да уништи доказ од „Пуч“

by fokus

Зоран Заев може да бега од правдата, но не може да избега. Благодарение на Бранко Црвенковски се спаси од одговорност за криминал тежок 8 милиони евра, а сега благодарение на Катица Јанева се спаси од одговорност за „Пуч“ и директно рушење на уставниот поредок на Република Македонија, рече на прес конфереција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Ѓорчев, Зоран Заев е „единствениот криминалец кој е два пати аболициран“.

Тој е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие, рече Ѓорчев и додаде дека „аболицираниот Зоран Заев во политиката гледа засолниште и спас за криминалот. На тој начин смета дека е привилегиран во однос на останатите граѓани за кои важат законите“.

„Катица Јанева знаеше дека има премногу докази кои ја потврдуваат вината на Заев и Верушевски. Затоа Катица Јанева одлучи да му помогне на својот штитеник и да го спаси од одговорност. Доколку и Заев и Верушевски и Јанева беа убедени дека злосторничкото здружение одговорно за „Пуч” е невино, ќе оставеа тоа да се докаже во судска постапка. Вака СЈО наместо да го гони криминалот, одлучи да се стави во негова одбрана. СЈО целосно се делегитимираше и покажа дека е непрофесионално, партизирано и политизирано. ВМРО-ДПМНЕ апелира Катица Јанева и другите послушници на Заев да не помислат да украдат, уништат или сокријат макар и еден доказ од предметот „Пуч”, рече Ѓорчев.

Поврзани новости